Дома Фудбал Репрезентации Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Репрезентацијата на Аргентина одигра 1:1 против Венецуела во рамките од 9. коло од квалификациите за Мундијалот во 2026.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси имаше критики за соиграчите, но ги критикуваше и организаторите на средбата.

„Не успеавме да врземе две додавања во низа. Топката застануваше од водата на теренот. Тешко е да се игра во вакви услови“, изјави Меси.

Аргентина до водство дојде со голот на Николас Отаменди во 13. минута, а изедначи Саломон Рондон во 65. минута.

Сепак и покрај ремито Аргентинците останаа лидер на табелата со 19 бода, три повеќе од Колумбија која во ова коло претрпе пораз од Боливија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…