Oд Германија пристигнува тажна вест, почина Диетер Бурденски (73), едно од најголемите имиња во историјата на Вердер Бремен и легенда на Бундеслигата.
Поранешниот голман почина во болницата во Бремен само четири дена подоцна откако како почесен гостин го гледаше тимот на Вердер. Тој се појави на стадионот како дел од тимот кој во 1999 година го освоигерманскиот куп.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Вердер помина дури 16 години, од 1972 до 1988 година и собра 444 настапи во најсилната германска лига. Настапуваше и за репрезентација, а беше дел и од две големи натпреварувања, Светското првенство во 1978 година и Европското во 1984.
Најголемиот успех во кариерата му е титулата шампион на Германија со Вердер во 1988 година.