Дома Останати Тенис Синер можеби годината ќе ја заврши како прв во светот, но ќе остане далеку од рекордот на Ѓоковиќ

Синер можеби годината ќе ја заврши како прв во светот, но ќе остане далеку од рекордот на Ѓоковиќ

Jaник Синер игра одлично на Мастерсот во Шангај каде што во овој момент е до четвртфиналето и ќе се обиде да го освои турнирот кој се уште никогаш не го освоил.

Турнирот поради пандемијата со коронавирусот не се играше од 2020 до 2022 година, а минатата година беше запрен во осминафиналето. Ако оваа година успее да ја освои титулата тој ќе дојде до 11.920 бода и тоа е одличен ефект затоа што пред само една година беше далеку од врвот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, овие бодови се далеку од рекордот кој во една година го постави Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер во јуни 2016 година постави рекорд со 16.950 освоени бодови и ова веројатно уште долго ќе биде недостижно.

Во таа година Ѓоковиќ освои седум турнири меѓу кои и два грен-слема, но на крајот губеше бодови во финишот па заврши како втор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Марка“: Ѓоковиќ стана непријател број „еден“ на Србија!

Србијаа, поточно нејзината влада и претседателот, повторно се на мета на негативна критика…