Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ќе мора да оди на пауза од неколку недели.
Бразилскиот чувар на мрежата во натпреварот против Кристал Палас беше заменет на полувремето, а по деталните прегледи беше потврдено дека мора да паузира минимум шест недели.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова сигурно е голем удар за Арне Слот бидејќи пред „црвените“ следи тежок распоред. По репрезентативната пауза Ливерпул ќе го пречека Челзи, потоа гостува на Лајпциг во Лигата на шампионите, па во Премиер лигата го чека ново дерби со Арсенал.
Кон крајот на октомври избраниците на Слот ќе се соочат со Брајтон на гостински терен, а само три дена подоцна со истиот ривал ќе играат и во Премиер лигата на домашен терен. Пред ноемвриската репрезентативна пауза го чекаат два натпревари на „Енфилд“ со Баер Леверкузен и Астон Вила.
Потоа следи нова пауза од 10 до 24 ноември и се очекува Алисон да се врати во тој период. Како што стојат работите Ливерпул ќе треба да одигра седум натпревари без првиот голман.