Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на многу европски гиганти, пишуваат германските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и ова лето ги одби сите понуди за да остане во германскиот клуб.
Реал Мадрид важи како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Баерн Минхен, кој сака да го доведе најдориот германски фудбалер.
Баварците нема да жалат пари и се спремни да платат повеќе од 100 милиони евра, а самиот Виртц смета дека во овој период од кариерата е подобро да остане во Германија.
🚨 Bayern Munich are leading the race to sign Florian Wirtz. 🇩🇪
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 8, 2024
The player could stay in Germany before going abroad later in his career.
(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/FmLvp9qzKq