Дома Останати Тенис Каква доминација: Ѓоковиќ експресно до осиминафинале во Шангај!

Каква доминација: Ѓоковиќ експресно до осиминафинале во Шангај!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Италијанецот Флави Коболи со 2:0 (6:1, 6:2) во сетови во третото коло на АТП турнирот во Шангај.

Meстото во осминафиналето Ѓоковиќ го обезбеди за само еден час и четири минути игра. Уште од самиот старт на мечот Ѓоковиќ стави до знаење дека нема да дозволи некакво изненадување.

Српскиот тенисер направи брејк на првиот сервис на Коболи, а потоа продолжи да доминира дозволувајќи му само еден гем во првиот сет.

Во вториот сет Коболи парираше до 2:2, а потоа одново ја препушти доминацијата на фаворитот.

Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Американецот Френсис Тиафо и Русинот Роман Сафиулин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ чека разврска во Шангај: еден меч може многу да му го одреди патот кон Торино

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде 11-ти во трката за Завршниот мастерс, а исходот од фин…