Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс не е задоволен од начинот на кој игра неговиот поранешен клуб.
Ремито без голови против Астон Вила не може и не смее да биде позитивен резултат за Манчестер Јунајтед, без разлика што Астон Вила е во добра форма и оваа сезона игра во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сега е без победа во пет последователни натпревари и се чини дека само чудо може да го спаси Ерик тен Хаг од отказ. Од друга страна, Сколс ги обвинува и фудбалерите.
“Едноставно нема квалитет во нападот. Погледнете ги најуспешните тимови, тие се способни да постигнат гол. Колку голови постигнува Манчестер Јунајтед? Пет во седум натпревари”, изјави Сколс.
„Толемите екипи треба да имаат тројца или четворица фудбалери кои можат да постигнат 20 гола во сезона, тоа се 80, но јас едноставно не го гледам тоа во овој тим. Видете, Хојлунд игра солидно, но дали ќе постигне 20 гола?“, запраша легендата на клубот од „Олд Трафорд“ па продолжи:
Смешно е колку пари потрошија, а некои од нив не можат ни да бидат во тимот. Мислите дека Угарте ќе смени нешто на средината на теренот, но тој тоа воопшто не го користи. Де Лихт е платен 50 милиони фунти и не ги користи. Еванс, 36 години, игра место него.. Мартинез во клубот го донесе Тен Хаг, а Мегваер е стартер, Џони игра, Линделоф исто така …
Кога немаш стил на игра многу е тешко да најдеш играчи. Ливерпул има едноставен начин, игра 4-3-3 и носи играчи од тој профил. Не можете да носите играчи само затоа што е добар, треба да и да се вклопува во тимот“, заврши Сколс.