Дома Фудбал Англија Еден тренер го одбил Манчестер Јунајтед

Еден тренер го одбил Манчестер Јунајтед

Според последните информации од Италија, Манчестер Јунајтед се обидел да го доеведе Симоне Инзаги како наследник на Ерик Тен Хаг кој е под голем притисок, меѓутоа предводникот на Интер ја одбил понудата.

Инзаги има цврст договор со Интер и му оди добро во Милано и на почетокот на оваа сезона, па и не беше реално да се очекува дека ќе го напушти кормилото на „нероаѕурите“.

Како опции претходно за клупата на „црвените ѓаволи“ се споменуваа Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Герет Саутгејт.

Отказот Тен Хаг како што се најавува може да го добие во понеделник во случај на неуспех во натпреварот против Астон Вила овој викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси го избра Родригез меѓу идните фудбалски ѕвезди

Лионел Меси го вклучи крилото на Комо, Хесус Родригез, на листата на млади таленти за след…