Реал Мадрид не блеска на стартот од новата сезона, а мнозинството навивачи, аналитичари и јавноста сметаат дека главен „виновник“ е Тони Крос.
Германецот летово ги шокираше сите со одлуката да се пензионира, kлубот го доведе Килијан Мбапе, меѓутоа остана „дупката“ на средината на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Крос смета дека на тимот му треба време и не се согласува дека неговото отсуство е толку голем проблем.
„Луѓето сега претеруваат и зборуваат како Реал Мадрид да победувал на секој натпревар со мене со 4:. Работите сигурно не изгледаат добро, но поминавме низ слични фази и кога бев таму“, изјави Крос.
Сепак, факт е дека овој среден ред на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној кога Крос и Модриќ играа во тандем, а тоа има ефект на главните играчи во нападот кои добиваат помалку корисни топки.