Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано неодамна одново го привлече вниманието со изјава за Кристијано Роналдо.
Касано во својата изјава го критикуваше Роналдо, па дури и порчаа дека тој не знае да игра фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кристијано не знае да игра фудбал. Може да постигне и 3.000 голови не ми е гајле. Играчи како Игуаин, Бензема, Агуеро, Левандовски, Ибрахимовиќ…знаеа како да се вклопат во секој тим и да соработуваат. Роналдо не е таков“, гласеше изјавата на поранешниот италијански фудбалер.
И во минатото Роналдо ретко реагираше на критиките на негова сметка, меѓутоа често пати тоа го прави неговата сестра Елма Авеиро.
„Не го познавам тој човек и не ми е гајле. Ќе кажам само една работа, Кристијано не знае да игра, а постигна 900 гола, замислете да знаеше да игра. Ми кажуваат дека Касано бил фудбалер, а тој всушнсот бил едно момче со топка“, порача Елма Авеиро додавајќи емонтикон на кловн на главата на Касано во објавата на Инстаграм.