Дома Фудбал Англија Ван Бастен жестоко удри по Тен Хаг: Идиотски е тоа што го прави!

Ван Бастен жестоко удри по Тен Хаг: Идиотски е тоа што го прави!

Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед забележа уште еден во низата неуспеси, тимот од „Олд Трафорд“ беше поразен во рамките од шестото коло од екипата на Тотенхем со 0:3.

Во првите шест кола Јунајтед победи само на три натпревари, додека во првото коло од Лигата на Европа ремизираа 1:1 против Твенте, па така избраниците на Ерик Тен Хаг и ова натпреварување го отворија лошо.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Токму затоа во јавноста има критики за Тен Хаг, но и за комплетната екипа. Сега се огласи легендарниот Марко Ван Бастен кој не го штедеше летното засилување, Мануел Угарте.

„Го гледам Јунајтед и гледам како новиот играч се шета по теренот. Станува збор за Мануел Угарте, платен беше 50 милиони евра. Како тој човек буквално се шета на теренот?! Идиотски е колку Тен Хаг инвестира во играчи кои воопшто не се добри“, изјави Вна Вастен.

Угарте е фудбалер кој летово пристигна во Манчестер Јунајтед од Пари Сен Жермен со кого англискиот гигант долго преговараше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …