Душан Влаховиќ постигна два гола во победата на Јувентус од 3:0 за викендот против Џенова, а еден од погодоците српскиот напаѓач го прослави со гестикулација на која сакаше да им порача на критичарите да продолжат да зборуваат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Причина за таквата прослава на Влаховиќ се критиките кои во изминатиот период ги добиваше од јавноста во Италија за своите настапи.
Паоло Ди Канио, пензионираниот италијански фудбалер и освојувач на Купот на УЕФА со Јувентус во сезоната 1992/1993 го прокоментира тој потег на Влаховиќ.
„Тоа го прават малите фудбалери. Тој е одличен фудбалер, но со таквиот потег докажува дека не е голем играч. Неговото однесување не доликува на големите играчи. Постигна гол од пенал и тоа е во ред, никогаш не е лесно да постигнете погодок, а потоа додаде уште еден гол. Но, тоа го направи проитив Џенова, тим кој има многу проблеми. Исто така и натпреварот се играше без публика“.
„Не беше тоа гол против конкурентите за титулата, би било погрешно и тогаш, но голот би имал поинакво значење. Постигни два гола против директните ривали, па потоа можеш да бидеш арогантен. Вака два гола против Џенова зад затворени врати е како два гола во пријателски натпревар“, изјави Ди Канио.