Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ суспендираше уште еден стадион!

ФФМ суспендираше уште еден стадион!

Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече суспензија и за теренеот на Башкими во Куманово поради инцидентот кој се случи по натпреварот со Беласица.

По овој дуел нападнати биле судиите, а на еден од нив му било оштетено и возилото.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„ФФМ информира дека Комисијата за натпревари на ФФМ на денес одржаната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Стадион „БАШКИМИ“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.  Стадионот „БАШКИМИ“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш“, објави ФФМ. 

Ова е трет стадион суспендиран во само една недела, претходно поради инциденти ФФМ забрани своите натпревари на домашен терен да ги играат Тиквеш и Вардар Куманово.

https://youtube.com/watch?v=sMux8N0TIDg%3Fsi%3DwPW5qrypD_GvmQT_%26start%3D8367
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Антиќ ги израдува клубовите: Повеќе нема да се плаќа котизација за учество Првата лига

Македонската кошаркарска федерација организираше прес-конференција поврзана со актуелниот …