Дома Фудбал Шок за Манчестер Сити: Крај на сезоната за Родри

Шок за Манчестер Сити: Крај на сезоната за Родри

На вчерашното дерби против Арсенал се повреди еден од најважните играчи на Манчестер Сити, Родри, а денес се остварија лошите прогнози.

Родри со солзи го напушти теренот, а денешните детални лекарски прегледи покажаа Родри има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и го очекува долга пауза.

Шпанецот мора да оди на операција,а процесот на рехабилитација трае неколку месеци, што значи дека оваа сезона за него е завршена.

Ова е голем удар за Гвардиола бидејќи Родри е еден од најважните играчи во тимот и кандидат за „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…