Jирген Клоп би можел да се врати на сцената, но во улога на селектор, сепак не така брзо.
Откако ја заврши својата епизода во Ливерпул, Клоп одлучи да се повлече од фудбалот. Иако порача дека повеќе не сака никого да тренира, постои можност во иднина да го смени мислењето по последните информации кои ги доби.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Негова единствена желба е да биде селектор на својата татковина, Германија, а тоа може и да му се оствари.
Според пишувањето на „Дејли Мирор“, раководството на Фудбалскиот сојуз на Германија го гледа Клоп како прв избор кога ќе се бара замена за Јулијан Нагелсман. Ако 37-годишниот стратег одлучи да се повлече по Мундијалот во 2026 бисе отворила опцијата за Клоп.
Наглесман ја води Германија од септември 2023 година и засега нема лоши резултати, па раководството е задоволно од неговата работа.