Дома Топ вести Меси имал таен разговор со големата ѕвезда: Дојди во Барса, ќе бидеме одличен тандем!

Меси имал таен разговор со големата ѕвезда: Дојди во Барса, ќе бидеме одличен тандем!

Барселона во саботата ремизираше 1:1 против Атлетико Мадрид и така ја продолжи низата без пораз оваа сезона.

Двете најголеми ѕвезди, Антоан Гризман и Лео Меси не прикажаа спекталурана партија, но медиумите откриваат дека двајцата имале таен разговор после завршувањето на мечот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе од поодамна е познато дека Барселона е заинтересирана за Французинот. Суарез не е повеќе во препознатливата форма, а на Каталонците им треба едно ѕвездено засилување после заминувањето на Нејмар.

„Дон Балон“ тврди дека Меси разговарал со Гризман околу трансферот на „Камп Ноу“ и му соопштил дека има желба да му биде негов соиграч.

Двајцата фудбалер имаат одличен однос, иако се големи ривали на теренот!

Гризман наводно го контактирал Меси во текот на летото и му кажал дека е заинтересиран за трансфер во Барселона, но не сака да го напушти Атлетико додека клубот има забрана за трансфери и не може да донесе адекватна замена.

Французинот наредното лето готово сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а Барселона заедно со Манчестер Јунајтед се фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…