Дома Останати Тенис Ѓоковиќ до крајот на годината може да доживее пад каков што не памети

Ѓоковиќ до крајот на годината може да доживее пад каков што не памети

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ би можел да доживее голем пад на АТП листата ако до крајот на годината не освои бодови на турнирите ки следат.

Во случај на неуспеси и во зависност каде колку бодови би изгубил, може да се случи дури и да испадне од топ 10. Српскиот тенисер во последните недели од минатата година освои 2.300 бодови на Мастерсот во Париз и АТП финалето, каде што би можел да не настапи ако турнирот во Шангај или овогодинешниот во Париз не поминат добро.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, треба да се каже и дека АТП листата за Ѓоковиќ во овој момент не е главна цел, негова голема желба беше олимпиското злато кое и го освои.

Кога се плановите за понатомошниот дел од кариерата Ѓоковиќ истакна дека не планира на предолги стази.

„Во минатото обично имав распоред за шест месеци однапред, сега не е така. Сакам да се одморам психички и физички, па потоа размислувам што ќе правам и каде ќе играм“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги загрижи навивачите пред УС Опен

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за УС Опен, кој му почнув…