Откако неодамна сега веќе поранешниот српски селектор, Светислав Пешиќ зборуваше за условите во српската кошарка, сега Новак Ѓоковиќ даде црно предвидување за српскиот тенис.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ во својата последна изјава го прогласи клупскиот тенис во Србија за мртов, а причината е намњето клупски активности со што младите тенисери не добиваат можност да се истакнат.
„Во Србија клупскиот тенисер е мртов. Партизан не се натпреварува со години на државните првенства во младински и сениорски категории, тоа е ниво кое некогаш беше многу високи и се појавуваа голем број тенисери со кои спарингував, а беа и подобри од мене. Тоа е голем проблем и во овој момент тешко може да се реши. Се надевам дека ќе се променат некои работи и во Сојузот“, изјави Новак.