Според последните информации на шпанските медиуми, Реал Мадрид не објавил реални бројки од трансферот на Џуд Белингем.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германски „Билд“ повикувајќи се на свои извори тврди дека Реал за Белингем потрошил 134 милиони евра, а не 103 како што објави лани. Ако ваквите информации се точни тогаш Белингем е најскап фудбалер во историјата на „кралевите“ и го срушил рекордот на Еден Азар од 120 милиони евра.
Медиумите потсетуваат и дека слична била ситуацијата со Герет Бејл во 2013 година кога Реал објави дека платил 91 милион евра, а всушност сумата била 100 милиони евра.
Кога е Белингем во прашање се истакнува дека првобитната сума била зголемена со одредени бонуси кои биле лесно остварливи. Реал Мадрид мораше да плати и дополнителни десет милиони евра уште во првата сезона поради бонусот за освојување на Лигата на шампионите.