Според последните информации, Бобан Марјановиќ е на добар пат по девет години да си замине од НБА лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најавите се дека Марјановиќ повторно ќе биде дел од европската кошѓарка. Српскиот џин во овој момент е без договор и нема понуда од најсилната лига во светот, па така реална е опцијата да го видиме во некој од клубовите на Стариот континент.
Како најзаинтересиран во овој момент се споменува тимот на Бешикташ. Турскиот клуб е дел од Еврокупот, а на доведување на Марјановиќ инсистира и тренерот Душан Алампијевиќ. Тој верува дека Марјановиќ е алката која недостасува за да влезат во борба и за трофејот во Еврокупот.
Од договорите во изминатите години со Сан Антонио, Детроит, Далас, ЛА Клиперс и Хјустон, Марјановиќ заработи околу 40 милиони долари, а информациите на медиумите се дека кариерата сака да ја заврши со две години во Европа.