Јаник Синер и дефинитивно е ослободен од сите обвинувања во допинг скандалот.
Светската антидопинг агенција (ВАДА) донесе одлука да не испраќа жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана на пресудата на италијанскиот тенисер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот двапати беше позитивен на допинг-тест на забранета супстанца, но не му беше изречена суспензија, а сега и конечно е ослободен од сите обвинувања.
Синер така ќе помине без санкции и ќе ги задржи поените од Индијан Велс, турнирот за кој беа обвинувањата. Ако имаше спротивна одлука суспензијата ќе важеше од моментот кога го добил позитивниот тест, па така ќе беа поништени и резултатите кои ги постигнал по тој тест.