Дома Останати Кошарка Потврдено: Охриѓанецот Џеди Осман ја напушти НБА – ќе игра во Европа!

Потврдено: Охриѓанецот Џеди Осман ја напушти НБА – ќе игра во Европа!

Tри дена по доведувањето на Еван Фурние од редовите на Олимпијакос објавија уште една „бомба“.

Нов член на тимот кој е актуелен европски шампион е Охриѓанецот Џеди Осман. Во редовите на Панатинаикос тој пристигнува од Сан Антонио Спарс, а во НБА лигата помина седум години.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Доаѓањето на Осман го потврди претседателот на клубот Димитрис Јанакополус.

„Ви посакувам добро утро од три причини. Првата е дека ривалите од Евролигата значително се засилија за новата сезона. Втората е дека одам во Сунио, а за крај дозволете да ви потврдам дека од овој момент Џеди Осман е нов играч на Панатинаикос“, потврди Јанакополус на Инстаграм.

Кошаркарот со потекло од Охрид претходно се поврзуваше со трансфер во Партизан и Анадолу Ефес, меѓутоа Панатинаикос се вклучи во трката во последен момент и успеа да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ ќе учествува на Евробаскетот

Само неколку дена пред собирот на кошаркарската репрезентација на Србија за подготовките з…