Дома Останати Тенис Фриц и Синер ќе водат битка за трофејот на УС Опен

Фриц и Синер ќе водат битка за трофејот на УС Опен

Италијанецот Јаник Синер и Тејлор Фриц ќе се борат за титулата на УС Опен.

Најдобриот светски рекет во овој момент беше подобар од Џек Дрејпер со 3:0 во сетови. Имаше проблеми Синер со повреда на раката во вториот сет, но сепак успеа да собере сили и да го доведе мечот до неизвесна завршница.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Дрејпер даваше отпор колку што можеше во првите два сета, меѓутоа во третиот Синер му дозволи само два гема и така ја потврди победата. Во финалето Синер ќе има можност да дојде до неговиот втор грен-слем трофеј во 2024 година.

До битката за трофејот Фриц стигна откако со 3:2 4-6, 7-5, 4-6, 6-4, 6-1) го победи Френсис Тиафо. Водеше Тиафо со 2:1 во сетови, но Фриц со пресврт стигна до финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…