Дома Фудбал Репрезентации Солзи и емоции во Монтевидео: Суарез се збогуваше со уругвајските навивачи 🎥

Солзи и емоции во Монтевидео: Суарез се збогуваше со уругвајските навивачи 🎥

Луис Суарез е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата, а вчера го одигра својот последен натпревар пред домашните навивачи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Суарез настапи во натпреварот против Парагвај кој заврши без победник 0:0. Навивачите имаа можност за последен пат да го видат на стадионот, Сентенарио во Монтевидео.

На малата свеченост се појавија и селекторите кои го водеа во репрезентацијта, додека на семафорот се емитуваа пораку од Меси и Нејмар кои освен што негови поранешни соиграчи, се и долгогодишни пријатели.

Во тие моменти Суарез очекувано беше емотивен и не можеше да ги задржи солзите. Првиот натпревар за националниот тим Суарез го одигра на 7 февруари 2007 година, а првиот гол го постигнаа истата година во октомври.

Негов најголем успех беше освојувањето на Копа Америка во 2011 година, една година претходно на Мундијалот во Јужна Африка играше полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар потпиша нови договори со двајца македонски репрезентативци

Македонскиот шампион Вардар соопшти дека ги продолжил договорите со Бобан Николов и Дарко …