Реал Мадрид има големи проблеми со повредите, бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао е нова жртва.
Бразилецот го повреди мускулот за време на тренингот во репрезентативниот камп и тој е веќе осмиот играч кој ќе му недостасува на Карло Анчелоти. Од претходно Анчелоти остана без: Џуд Белингем, Едуардо Камвинга, Орлиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себаљос, Давид Алаба и Жоан Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за во главно важни играчи. Малку е веројатно дека некој од фудбалерите на листата повредени ќе влезе во вистинска форма во септември, посебно тоа се однесува на Алаба кој недостасува со месеци.
Кај Реал посебно е на удар средниот ред бидејќи Анчелоти во краток период остана без Белингем, Камвинга и Чуамени.