Ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз е на мета на многу европски гиганти, но „црвените“ сакаат да го задржат на „Енфилд“ и спремија нов договор.
Дијаз беше во центарот на трансфер шпекулации ова лето, но одлично ја отвори сезоната, а на дербито со Јунајтед постигна два гола.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ливерпул сака долгорочно да го задржи и спреми нов договор со значително зголемување на платата на Колумбиецот.
Актуелниот договор на Луис Дијаз со клубот истекува во 2027 година, но има плата од 55 илјади фунти неделно.
Ливерпул ќе му понуди нов 5-годишен договор и плата од 120.000 фунти неделно.