Дома Топ вести Реал уште во јануари тргнува по Виртц

Реал уште во јануари тргнува по Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

Виртц со одличните партии во Леверкузен и со настапите на ЕП се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и ова лето ги одби сите понуди за да остане во германскиот клуб.

Реал Мадрид сака да ја победи големата конкуренција и уште во јануари да постигне преддоговор со Германецот за следното лето.

Флоријан Виртц ќе биде главна трансфер мета на Реал следното лето и нема да жали пари да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…