Дома Фудбал Репрезентации Лошиот настап во квалификациите ги налути – САД носи ГОЛЕМО трнерско име!?

Лошиот настап во квалификациите ги налути – САД носи ГОЛЕМО трнерско име!?

Американците не се пласираа на Светското првенство во Русија, па поради тоа ќе имаат промена на тренерското место.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како прв кандидат за клупата на САД се истакнува легендарниот Французин, Лоран Блан.

Блан е поранешен тренер на Бордо, ПСЖ и националниот тим на Франција, а во овој момент е без ангажман.

Управата на САД е во потрага по замена за Брус Арен кој беше отпуштен откако САД остана без пласман во Русија минатата недела.

Искусниот 51 годишен стручњак веќе доби неколку понуди од американските клубови во текот на летото, но и од Фенербахче и Анталиспор. Добро известениот „Франс Фудбал“ тврди дека Блан е голема желба на Американците уште од септември.

Во овој момент репрезентацијата на САД е предводена од Таб Рамос селекторот на тимот до 20 години, а покрај Блан во игра за тренер на САД се Питер Вермес и поранешниот тренер на Барселона, Херардо Тата Мартино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Oвие снимки ги загрижија Французите: Што се случува меѓу Канте и Мбапе? (Видео)

Светското првенство уште не започнало, а француската репрезентација веќе е под лупа поради…