Дома Топ вести Интер го сака дефанзивецот на Баерн

Интер го сака дефанзивецот на Баерн

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ким Мин минатото лето пристигна од Наполи за 50 милиони евра како најдобар дефанзивец во Серија А и на почетокот играше солидно.

Меѓутоа, во последно време го загуби местото во стартниот тим, а и не е среќен во Бундеслигата и сака да се врати во Серија А.

Интер сака да го искористи ова за дополнително да ја засили одбраната бидејќи смета дека Кореецот ќе биде идеален партнер на Бастони.

„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…