Постигнат е договор и фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Мерино наредните денови треба да потпише договор со Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вредноста на трансферот ќе биде некаде околу 35 милиони евра. Мерино веќе играше во Премиер лигата, во сезоната 2017/18 за Њукасл, но не се прослави и се врати во Сосиедад, каде ја доживеа својата афирмација.
Мерино одигра солидно и на Европското првенство, па беше голема желба на Артета како засилување за средниот ред.
Мерино веќе има договор со „топџиите“ и се очекува во наредните денови да го комплетира трансферот.
🚨 Mikel Merino to Arsenal is 𝗛𝗘𝗥𝗘 𝗪𝗘 𝗚𝗢 done. ✅
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 22, 2024
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/AESrL4m0l8