Дома Фудбал Англија Нов удар за актуелниот англиски шампион: Уште еден голем дефицит за екипата на Конте

Нов удар за актуелниот англиски шампион: Уште еден голем дефицит за екипата на Конте

Челзи во последно време се наоѓа во сериозни проблеми со повредите на своите фудбалери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По Алваро Мората и Н’Голо Канте, на листата играчи сега им се придружи и Виктор Мозес.

Стандардниот првотимец, Челзи го истегна мускулот на натпреварот против Кристал Палас, кој актуелниот првак на Англија го загуби со резултат од 2:1.

Како што тврдат медиумите во Англија, Мозес ќе отсуствува четири недели, но постои можност неговото закрепнување да потрае и подолго.

Повредата на Мозес ја прокоментира и менаџерот на Челзи, Антонио Конте, кој истакна дека Нигериецот е исклучително важен играч и дека неговото отсуство ќе биде голем губиток за целиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар потпиша нови договори со двајца македонски репрезентативци

Македонскиот шампион Вардар соопшти дека ги продолжил договорите со Бобан Николов и Дарко …