Откако вчера беше потврдено дека Илкај Гундоган си заминува од Барселона, утрово Фабрицио Романо потврди и дека тој се враќа во Манчестер Сити.
Манчестер Сити така го враќа фудбалерот за врска по само една сезона која ја одигра во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тимот на Пеп Гвардиола Гундоган се враќа како слободен фудбалер и ќе потпише едногодишен договор до јуни 2025 година.
Барселона му дозволи на Гундоган да замине бидејќи беше еден од најплатените во тимот и сега веројатно ќе има простор за регистрација на новите засилувања. Освен тоа се шпекулираше и дека Гундоган сам побарал трансфер сметајќи дека со Олмо во тимот не би имал ист статус како во претходната сезона.
Во минатата сезона Гундоган дресот на Барселона го носеше на 41 натпревар.