Дома Фудбал Познато зошто Гундоган побарал трансфер од Барселона – „проблем“ бил еден играч!

Познато зошто Гундоган побарал трансфер од Барселона – „проблем“ бил еден играч!

Пред првиот натпревар во сезоната од Ла Лига за Барселона во медиумите се појави информација дека Илкај Гундоган побарал трансфер.

Ваквата информација беше изненадување бидејќи Гундоган во минатата сезона беше еден од најважните фудбалери и настапи на 41 натпревар. Освен тоа тој е и еден од најплатените во тимот.

Денеска се појавија и инфорамциите зошто тој побарал трансфер. Наводно, во прашање е Дани Олмо.

Гундоган сметал дека со доаѓањето на Олмо неговото влијаение во тимот ќе биде значително помало. Минатата сезона Гундоган беше стрелец на четири гола, а подели 14 асистенции.

Како опција каде што би можел да замине се споменуваше турски Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ со необичен подарок за Кејн: Топка што ја раскажува фудбалската историја

Пред дуелот на „Вембли“, Лука Модриќ му ја честиташе „Златната топка“ на Хари Кејн со репл…