Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ остана на второто место на АТП листата и покрај тоа што не настапи на Мастерсот во Синсинати каде што требаше да го брани трофејот.
Прв е и понатаму Јаник Синер со 9.410 бодови, додека Ѓоковиќ е втор со 7.460. Ѓоковиќ загуби 1.000 поени во однос на минатонеделната листа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Синер го чека финалето на Мастерсот во Синсинати против Американецот Френсис Тиафо и има шанса дополнително да ја зголеми предноста пред Ѓоковиќ.
Трет е Алкараз со 7.360 бодови, а потоа следат Александар Зверев кој има 330 бодови помалку и Данил Медведев.
Рускиот тенисер Андреј Рубљев е шести во светот, а топ 10 ја комплетираат Хуберт Хуркач, Каспер Руд, Григор Димитров и Алекс де Минор.