Новак Ѓоковиќ си ја исполни големата желба и стигна до златото на Олимписките игри во Париз, сепак тоа освоено злато не му значи многу кога во прашање е АТП листата.
Со настапот на Олимписките игри Ѓоковиќ не доби ниту еден бод и овој понеделник падна на второто место на АТП листата со 8.46 0бодови. Поради неговиот напор во Париз, Ѓоковиќ не се појави на турнирот во Синсинати и така по завршувањето на овој турнир ќе има 1.000 бодови помалку.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова значи дека скоро сигурно ќе го дочека УС Опен како трет, можеби и четврти тенисер во светот. Алкараз ќе го прескокне Ѓоковиќ и ќе дојде до второто место со два победени меча на Синсинати, а тоа би го направил и Зверев ако го освои турнирот.
И позицијата на АТП не е неважна пред ждребот за УС Опен каде што Ѓоковиќ како трет би можел да биде на страната на првопласираниот Јаник Синер, како второпласиран тоа не би било можно.
Треба да се знае и дека Ѓоковиќ ја брани титулата на УС Опен и по турнирот во Њујорк би можел да има дури и 5.460 поени, секако ако не освои поени во Америка. Во таква ситуација на АТП листата би можел да падне на петтата или шестата позиција.