Со утрешниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам започнува новата сезона во Премиер лигата, а на почетокот скоро сите прогнози се дека Манчестер Сити го одбрани трофејот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познатата аналитичка агенција „Опта“ преку својот суперкомпјутер го прогнозираше исходот на конечната табела и во нивната пресметка на врвот е Манчестер Сити. „Граѓаните“ доминираат во изминатите сезони во Англија и во сезоната која следи ќе се обидат да дојдат до петтиот трофеј.
Исто така повторно се предвидува дека Арсенал ќе биде вицешампион третпат во низа. Во продолжение, Ливерпул би завршил трет, а потоа: Челзи, Њукасл, Манчестер Јунајтед…
Кога е испаѓањето од елитата во прашање во понизок ранг би се преселиле: Саутемптон, Ипсвич и Лестер.