Дома Фудбал Лига на шампиони Винисиус е играч за големи натпревари – има страшни бројки!

Винисиус е играч за големи натпревари – има страшни бројки!

Не му одеше толку лесно, но на крајот Реал Мадрид сепак успеа да слави победи во вчерашниот натпревар против Аталанта во европскиот Суперкуп.

Голот со кој беше отворен натпреварот го постигна Уругваецот, Феде Валверде, но големи заслуги одат и за Винисиус кој го заврши поголемиот дел од работата. Винисиус одлично се ослободи од своите чувари и го пронајде Валверде кој само ја смести топката во празната мрежа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со оваа асистенција Винисиус дојде до неверојатен учинок кога се финалните натпревари во прашање. Винисус со Реал Мадрид досега имал 11 битки за трофеи и во нив тој чувствувал во 11 голови на Реал Мадрид.

Бразилецот успеа да постигне седум гола и да запише четири асистенции. Посебно импресивен е Винисиус во последните пет финалиња во кои има дури шест гола и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…