Дома Фудбал Романо го објави новиот клуб на Де Геа

Романо го објави новиот клуб на Де Геа

ДАВИД ДЕ ГЕА (33) по една година пауза се враќа на фудбалот и ќе стане нов голман на италијанскиот прволигаш Фиорентина, објави Фабрицио Романо.

Се чека само потврда на завршениот лекарски преглед, по што шпанскиот голман ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Договорот е вреден три милиони евра нето по сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Де Геа е без клуб од летото минатата година кога му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

Тој беше поврзуван со бројни клубови, а најспоменувана беше Саудиска Арабија. Сепак, тој на крајот ќе и се приклучи на Фиорентина, која минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и ќе игра во плеј-офот за конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Англија: фудбалски агент се заканил со пиштол на играч од Премиер лигата

Фудбалер од Високата лига на Англија бил заплашен со пиштол на улица во Северен Лондон од …