Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија го претрпе вториот пораз на кадетското Европско првенство

Македонија го претрпе вториот пораз на кадетското Европско првенство

Kaдетската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Подгорица.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По поразот од Франциај со 29:28, денеска подобра од Македонија беше Германија со 19:25.

Македонските ракометари парираа само едно полувреме на силниот противник по што попуштија во вториот дел. Германија по првото полувреме имаше само гол предност (9:10), а разликата почна да расте на почетокот од вториот дел.

Во најголем дел од второто полувреме Германците ја одржуваа предноста од 5-6 гола разлика. Не беше доволен за Македонија и одличниот настап на Самоил Ристевски кој постигна 11 гола.

Утре со почеток од 14:30 часот, Македонија го игра третиот натпревар, а противник ќе ни биде селекцијата на Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …