Дома Топ вести Атлетико пред мега засилување од Манчестер Сити, а со тоа започнува и – домино ефект!

Атлетико пред мега засилување од Манчестер Сити, а со тоа започнува и – домино ефект!

Aргентинецот Хулијан Алварез е се поблиску до реализација на трансферот од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанците на Англичаните би требало да им платат сума од 75 милиони евра за услугите на аргентинскиот напаѓач кој јавно искажа незадоволство поради малата минутажа кај Пеп Гвардиола.

Италијанскиот експерт за трансфер пазарот, најавува дека тој трансфер ќе придонесе домино ефекет. Имено, Атлетико со доведувањето на Алварез ќе може да се ослободи од Саму Омордион кој за 40 милиони евра би требало да го засили Челзи. Освен тоа Атлетико ќе го доведе и Конор Галагер од Челзи, исто така за 40 милиони евра. Наскоро тоа би требало да биде потврдено.

Омордион е еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа. Минатата сезона ја помина на позајмица во Алавес и на 35 натпревари постигна десет голови. Галагер е дете на Челзи и англиски репрезентативец. Алаварез во оваа ситуација е најголемата ѕвезда и светски шампион со Аргентина. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…