Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3, е еден од главните фаворити за злато на Олимписките игри.
Србите со години се најдоминантна репрезентација во овој спорт, имаат шест светски злата, олимписка бронза од Токио и најдобриот играч во светот Страхиња Стојачиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Улогата на фаворити ја оправдаа на првиот настап во Париз, каде ги совладаа Американците со убедливи 22:14.
Ги предводеше Марко Бранковиќ со осум поени, Стојачиќ постигна седум, а Марко Васиќ и Дејан Мајсторовиќ постигнаа четири, односно три поени. Кај САД најдобар беше Карим Медокс со шест поени.
По победата, организаторот им ја отсвири нивната победничка песна, хитот на Нада Топчагиќ „Утро е, Утро е“ на српските кошаркари и на присутните навивачи во Париз.