Дома Топ вести Арсенал спреми нови договори за Озил, Санчез и Венгер

Арсенал спреми нови договори за Озил, Санчез и Венгер

Фудбалскиот клуб Арсенал, по добрите резултати кои ги бележи од стартот на сезоната, реши да ги продолжи договорите на двете најголеми ѕвезди Месут Озил и Алексис Санчез, како и на тренерот Арсен Венгер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал, по подолго време, добро влезе во една натпреварувачка сезона, тимот се наоѓа во серија од седум победи во сите натпреварувања и е на врвот во Премиер лигата заедно со Манчестер Сити.

Резултатите беа сигнал за челниците на клубот да подготват нови договори за менаџерот Арсен Венгер, кој веќе две децении е на функцијата, но и за првите ѕвезди Мезут Озил и Алексис Санчез.

Озил, според информациите од Островот, побарал неделна плата од 250 илјади фунти. Германскиот репрезентативец, од почетокот на сезоната, во Премиерлигата одигра седум натпревари и постигнал седум гола, додека во ЛШ на три натпревари постигнал исто толку голови, сите во победата над Лудогорец.

Санчез исто така би требало да добие нов договор со неделна плата од 250.000 фунти, а според медиумите наскоро двајцата фудбалери ќе стават потпис на договорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…