Дома Фудбал Слот со победа дебитираше на клупата на Ливерпул

Слот со победа дебитираше на клупата на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул го победија Бетис во првиот подготвителен натпревар во Питсбург со резултат 1:0.

Неодамна, на самиот старт од своите летни подготовки, Ливерпул одигра меч со Престон Норт Енд зад затворени врати и загуби со 0:1 на премиерата на новиот тренер Арне Слот, но првиот меч отворен за јавноста беше оној од Питсбург со што започна турнејата низ Соединетите Американски Држави .


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во, секако, исклучително комбиниран тим, Ливерпул го совлада шпанскиот тим со голот на Доминик Собослаи по убавата асистенција на Мохамед Салах.

Ливерпул во текот на подготовките ќе игра и против Арсенал, Манчестер Јунајтед, Севиља и Ипсвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…