После победата на машкиот тим денес и тимот на Вардар во женска конкуренција запиша победа.
Вардарки денес славеа победа од 29:21 против тимот на Турингер во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвено-црните од самиот старт ја наметнаа својата препознатлива игра и после нерешениот резултат 6:6 следуваше одлична серија од 6:0 со која го одлучија прашањето на победникот. На полувремето нашиот претставник замина со предност од 19:11.
До крајот финалистот од минатогодишното финале во Лигата на шампионите успеа да ја задржи предноста и да слави со 29:21.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Радичвиќ со седум погодоци, додека Лекиќ, Пенезиќ и Лакрабер постигнаа по пет.