Како што пренесува „Скај Спортс Њуз“, Еспањол покажува интерес за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот фудбалски клуб кој успеа да се врати во елитата сака да го ангажира напаѓачот на шкотскиот Абердин.
Изворот вели дека Миовски е една од главните цели на Еспањол ова лето.
Нашиот 25-годишен играч го привлече вниманието на европските клубови, а од претходно е познато дека во трката за Миовски се и италијанските екипи Болоња и Џенова.
Британските медиуми воедно информираат дека интерес за Македонецот има и од Англија, Германија и Холандија.