Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга со минимална предност против Пјуник🎥

Струга со минимална предност против Пјуник🎥

Македонскиот шампион Струга Трим Лум го победи Пјуник со 2-1 во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Натпреварот кој се играше во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ почна возбудливо и Струга уште во 8-та минута дојде до предност. Судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Ибраими.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Пјуник израмни исто така од пенал. Кехинде удри со лакот противнички фудбалер, а Лукас Вилјела израмни во 23.минута.

Во 60.минута Пјуник остана со фудбалер помалку, а Струга бројчаната предност ја материјализира во 73-та минута со прекрасниот гол на Спирковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи до 15 години подобри од Ерменија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ермени…