Дома Фудбал Вредеше 80 милиони евра, сега вреди 5 и би можел да се врати во Европа

Вредеше 80 милиони евра, сега вреди 5 и би можел да се врати во Европа

Џејмс Родригез одигра одличен турнир на Копа Америка каде колумбиската репрезентација стигна до финалето и беше поразена од Аргентина.

Токму тој беше прогласен за најдобар играч на натпреварувањето, каде постигна еден гол и запиша шест асистенции. Неговите добри игри натераа многу клубови да размислуваат да му дадат уште една шанса во Европа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џејмс Родригез поради тоа се согласил да го раскине договорот со Сао Паоло со заедничка согласност и ќе ги разгледа понудите кои ќе дојдат до него.

Играчот кој брилјираше на Светското првенство во Бразил во 2014 година и беше негов најдобар стрелец со шест гола, а потоа потпиша за Реал Мадрид, сега е 33-годишник кого Трансфермаркт го цени на пет милиони евра. Како играч на Реал, а подоцна и на Баерн, вредеше 80 мил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…