Дома Фудбал Карим Бензема беше прашан кој треба да ја освои Златната топка – еве што одговори

Карим Бензема беше прашан кој треба да ја освои Златната топка – еве што одговори

Карим Бензема ја освои Златната топка за 2022 година, а сега го прашуваат кој треба да биде прогласен за најдобар играч во светот за 2024 година.

Марка пишува дека одговорил по неколку секунди размислување. „Ќе кажам Винисиус затоа што го заслужи тоа за минатата сезона, но не само поради тоа, туку и поради она што го правеше претходната сезона. Беше над останатите, тој е комплетен фудбалер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Може сам да го победи противникот. Секако, со помош на соиграчите, но тој е многу добар кога му треба на Реал и затоа ја заслужува Златната топка. Секогаш се појавува кога е потребно, Вини ми е омилен поради сето тоа“, изјави Бензема, кој, како што тврди, очекувал Килијан Мбапе еден ден да стане играч на Реал.

Винисиус Жуниор (24) во сезоната 2023/2024 одигра 39 натпревари и постигна 24 и асистираше на 11 голови. Со Реал ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Суперкупот на Шпанија. Тој има договор со мадридскиот клуб до 2027 година, а Tрансфермаркт неговата вредност ја проценува на 180 милиони евра.

Винисиус, Родри или Џуд Белингем?
Според букмејкерите, прв фаворит е Винисиус пред Родриго и Џуд Белингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …