Капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ преку порака на социјалните мрежи и официјално се прости од репрезентацијата на Србија.
Претходно српските медиуми ја навија ваквата одлука на Тадиќ, а сега фудбалерот и ја потврди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Со ова соопштение сакам да им се обратам на сите љубители на фудбалот. Се трудам да бидам коректен и директен, колку што е можно повеќе, како што беше случај за време на изјавите на ЕП. Останувам на ставовите што ги искажав. Нагласувам дека немав намера да ги навредaм моите соиграчи или некој друг кој беше дел од српската репрезентација во Германија, па затоа имам потреба да објаснам одредени работи за кои знам дека последен пат имаше полемики.
Понатаму, главната причина за оваа објава е што донесов одлука да се збогувам со дресот на српската репрезентација. Дали би можел да бидам корисен и во иднина – нека судат стручните лица, јавноста или некојкој се чувствува поканет да разговара за тоа и кој мисли дека ги познава условите во фудбалот. Репрезентацијата отсекогаш била љубов за мене. Љубов кон земјата, љубов кон народот, љубов кон играта, конкуренција, дружење… Заедно поминавме низ многу – радост, тага, насмевки, крв, среќа, а имаше многу болка и страдање“, соопшти Тадиќ меѓудругото.