Дома Фудбал ПСЖ не жали пари: Ѕвездата на Бенфика доаѓа за цена од 70 милиони евра

ПСЖ не жали пари: Ѕвездата на Бенфика доаѓа за цена од 70 милиони евра

Килијан Мбапе го напушти ПСЖ, па „Светците“ почнаа да работат на засилување на тимот.

Португалски „А Бола“ пишува дека Жоао Невес е блиску до засилување на парискиот клуб и тоа за цена од дури 70 милиони евра

Според португалскиот весник, интерес за Невес пројавиле и некои англиски клубови, но сепак најконкретен бил ПСЖ и се чини дека е блиску до реализација на трансферот.

Останува да видиме дали на крајот ќе се најде заеднички збор и фудбалерот официјално ќе замине во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…